Престанува со работа последната електрана на јаглен во Британија

Фото: МИА

Единствената преостаната британска електрана на јаглен во близина на Нотингем денеска за последен пат ќе произведува струја по 57 години работа, пишува весникот Гардијан, објави Бета.

Електраната ќе ја заврши својата работа во согласност со светската политика за постепено укинување на електраните на јаглен. Затворањето го означува крајот на употребата на енергијата на јаглен, која започна кога првата електрана на јаглен во светот, „Холборн виадукт пауер стејшн“, почна да произведува електрична енергија во 1882 година.

Активистите за заштита на животната средина го поздравија исклучувањето како големо достигнување на владата во намалувањето на употребата на јаглерод во ОК и обезбедувањето „праведна транзиција“ за работниците во британската индустрија за јаглен.

„Затворањето на електраната го означува крајот на една ера и работниците со право можат да се гордеат со својата работа, што ја напојува нашата земја повеќе од 140 години“, изјави Мајкл Шанкс, министер за енергетика.

Велика Британија стана првата земја што постави краен рок до 2025 година за производство на електрична енергија на јаглен, откако воведе построги регулативи за намалување на работните часови на своите електрани на јаглен.

Енергијата на јаглен сочинуваше 80 отсто од електричната енергија во Велика Британија во раните 1980-ти и 40 отсто во 2012 година, пред да исчезне во последната деценија поради скапите даноци за јаглерод и порастот на поевтините обновливи извори на енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот