Се разгоруваат судирите на Блискиот Исток: Израел ракетира предградие на Бејрут

Израелската војска соопшти дека денеска извршила „наменски напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори за британски медиуми изјавиле дека биле погодени јужните предградија на Бејрут.

„ИДФ изврши наменски напад во Бејрут. Засега нема промени во одбранбените директиви на Командата за домашниот фронт“, соопшти израелската војска, без да понуди повеќе детали.

Британските медиуми јавуваат дека густ облак од чад може да се забележи над Бејрут, а жителите пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека тројца луѓе загинале, а најмалку 17 се повредени во нападот.

Според извештаите на либанските медиуми, нападот се случил во предградието Дахија, за кое Израел тврди дека е упориште на милитантната група Хезболах, пишува „Тајмс оф Изрзел“.

Претходно денеска, Хезболах лансираше 150 ракети во правец на северен Израел, објавувајќи дека со ракети Каќуша гаѓал повеќе воени локации долж границата, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штаб на израелска оклопна бригада, за која тврдеше дека е првата погодена цел.

Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан./

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот