Се радувам за Венко ама не и за СДСМ, изјави Деспотовски

Фото: Принтскрин

Јован Деспотовски во изјава за медиумите вели дека се радува за Венко Филипче но не се радува за СДСМ.

„СДСМ е голема и слободарска партија. Не можеме да збориме за избран претседател на партија кога 10 илјади членови не гласаа, а имаме избран претседател со 9 илјади гласови. Им благодарам на сите кои гласаа, но им благодарам и на оние кои излегоа а не им беше дозволено да гласаат, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија,  не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори. Зошто на тие 10 илјади членови не им беше дозволено да гласаат и зошто оние кои излегле, биле вратени. За резултатот немам коментар. Како другар се радувам за Венко ама не и за СДСМ. И вечерва зградата е празна и тоа треба да не загрижува“, вели Деспотовски.

Деспотовски најави дека утре ќе поднесе приговори поради забележани изборни нерегуларности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот