Се прави од 3 состојки: Рецепт за јапонски чизкејк кој го преплави интернет

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Јапонскиот чизкејк се стекна со голема популарност на социјалните мрежи. Она што го особено го издвојува, покрај неговиот вкус, е тоа што за неговата подготовка се потребни само три состојки.

Интересно е и тоа што многумина го нарекуваат јапонски чизкејк, бидејќи се прави од сирење и е неверојатно кремаст, воздушен и мек.

Нема да ви треба многу вештина за да ја подготвите оваа совршена торта која ќе ја обожаваат сите членови на вашето семејство.

Состојки:

– 3 јајца
– 120 г бело чоколадо
– 120 г крем сирење

Подготовка:

Најпрво ставете ја чоколадата да се растопи на пареа. Потоа, одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги во цврст „снег“.

Кога чоколадата ќе се растопи, во неа додадете ги жолчките и крем сирењето, па потоа и изматените белки. Сипете ја смесата во калап, кој ќе го ставите во плех во кој е неопходно претходно да сипете вода.

Треба да го печете 15 минути на 170 степени, а по тоа време – исклучете ја рерната и оставете го колачот да отстои уште петнаесетина минути внатре.

Потоа извадете ја тортата од рерна, оставете ја да се излади, а потоа извадете ја и од калапот. По желба посипете со шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот