Се повеќе Германци го одложуваат своето пензионирање

Се повеќе и повеќе повозрасни Германци продолжуваат да работат откако ќе се квалификуваат за пензионирање, се вели во новиот извештај објавен од германската агенција за вработување во четвртокот.

Бројот на вработени меѓу 55 години и возраста за пензионирање се зголеми речиси тројно меѓу декември 2000 година и декември минатата година, достигнувајќи речиси осум милиони, пишува ДПА.

Ова е највисоко во последните 20 години. Во 2013 година придонеси платиле 4,8 милиони работници на возраст над 55 години, додека во 2003 година имало само 2,6 милиони.

Тоа укажува на 59 отсто повисока стапка на вработеност, што претставува зголемување од 14 процентни поени во текот на изминатата деценија, според агенцијата.

Спротивно на тоа, стапката на вработеност на работоспособното население во целина се зголеми за само седум процентни поени, достигнувајќи 63 проценти во истиот период.

Германија е над просекот на земјите од ОЕЦД и е на второто место во ЕУ, веднаш зад Шведска, кога станува збор за стапката на вработеност на постарите луѓе, меѓу 55 и 64 години.

Сепак, во возрасната група меѓу 65 и 69 години, стапката на вработеност падна на 20 отсто, според пресметките на Институтот за истражување на вработеноста, што е многу под просекот на ОЕЦД.

За трендот придонесе и стареењето на населението, но и реформата на пензискиот систем со што се намали старосната граница за целосна пензионирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот