Се појави свлечиште на автопатот Скопје-Тетово

Фото: Слободен печат

Силното невреме со пороен дожд предизвика бројни проблеми во Тетово и тетовско. На дел од автопатот се појави свлечиште. Возилата се движат споро поради земјата од свлечиштето која зазема една колона од автопатот на точката каде се појави.

Како што претходно известивме, во Тетово противпожарната служба бара исклучување на електричната енергија поради тоа што во бројни подруми, околу сто на број има поплави, а тоа е опасност за појава на струен удар. Граѓаните пријавуваат материјални штети, а екипите спасувале и заглавени граѓани во автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот