Се отвора уште еден кинески трговски центар во Белград: Инвестирани се 60 милиони евра

По две години изградба, во Белград беше отворен нов кинески трговски центар. Инвестицијата е вредна 60 милиони евра. Кога ќе заврши втората фаза од проектот, ќе има околу 460 продавници со придружни објекти и паркинг простор, што го прави најголемиот и најмодерен кинески трговски центар во Европа. Новиот трговски центар е резултат на заедничките напори на кинеските бизнисмени со поддршка на Владата на Србија.

„Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Србија оди во вистинска насока. Трговијата расте, но има потенцијал за уште подобри резултати. Овој центар е поттик за понатамошна практична соработка и зајакнување на челичното пријателство меѓу двете земји“, вели Ли Минг, амбасадор на Република Кина во Белград, пренесува РТС.

Новиот трговски центар е изграден според највисоките стандарди за безбедност и удобност за продавачите, односно сопствениците на продавниците и клиентите, информира Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот