Се опоравува: Британската принцеза Ана излезе од болница по повредата на главата

Принцезата Ана / Фото: John Walton / PA Images / Profimedia

Помладата сестра на кралот Чарлс Трети, принцезата Ана е пуштена од болница, откако таму помина пет ноќи поради повреда на главата за која се верува дека била предизвикана од удар од коњ, пренесуваат странските медиуми.

Бакингемската палатата соопшти дека 73-годишната ќерка на покојната кралица Елизабета Втора, се вратила дома во паркот Геткомб во југозападна Англија, каде што ќе се опоравува и ќе се врати на јавните обврски кога нејзиниот лекарски тим ќе ѝ дозволи да го стори тоа.

„Би сакал да изразам најголема благодарност до целиот тим во болницата ‘Саутмед’ за нивната грижа, стручност и љубезност за време на краткиот престој на мојата сопруга“, изјавил нејзиниот сопруг Тим Лоренс.

Ана се повредила во неделата додека се движела по својот имот. Коњите биле во близина во моментот на инцидентот, а нејзиниот медицински тим рекол дека повредите на главата биле предизвикани од удар во главата или ногата на коњ.

Кралскиот извор изјавил дека Ана, поранешна олимписка коњаничка, доживеала потрес на мозокот и не се сеќава што се случило. Од Палатата во понеделникот соопштија дека се очекува таа целосно да се опорави од повредата.

По потресот на мозокот: Британската принцеза Ана не се сеќава што се случило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот