Се омажи покрај мочуриште: Лана Дел Реј му кажа „да“ на партнерот, кој е ловец на алигатори

Фото: Profimedia

Американската пејачка Лана Дел Реј (39) се омажи за туристичкиот водич Џереми Дуфрен (58), еден месец откако медиумите објавија за нивната романса, пишува „Дејли мејл“.

Како дел од турите кои ги организира, Дуфрен ги носи туристите со чамци низ мочуриштата на Луизијана, кои се полни со алигатори, чапји и други животни.

Двојката ги разменила брачните завети во Луизијана, каде што се запознале. Свадбената церемонија се случила на тамошниот залив, со голем број маси и големи бели шатори.


Пејачката носела лелеава, бела венчаница со елегантни украси на деколтето, а косата ѝ била обликувала во лелеаво опавче преку едното рамо. Нејзиниот избраник бил облечен во црн костум, бела кошула и кафени кожени чевли.

На прославата биле присутни таткото, братот и сестрата на пејачката, Роберт, Чарли и Керолин Грант, но не е познато дали била присутна нејзината мајка, Патриша Ен Хил.

Ова е прв брак на Дел Реј, а втор брак на нејзиниот сопруг. Инаку, тој е родум од Луизијана, разведен е и има три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот