Се огласи сопругот на принцезата Ана: Таа е добро, полека закрепнува

Принцезата Ана / Фото: John Walton / PA Images / Profimedia

Принцезата Ана (73), помладата сестра на британскиот крал Чарлс Трети (75), пред неколку дена заврши во болница откако се здоби со полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во имотот во Геткомб Парк.

Нејзиниот сопруг Тимоти Лоренс (69) даде мал увид во нејзината состојба.

„Таа е добро, закрепнува, ви благодарам. Двајцата сме длабоко благодарни на медицинскиот тим и болничкиот персонал за нивната стручна грижа и итните служби кои беа толку прекрасни на местото на настанот“, рече тој, а пренесе „Хелоу“.

„Двајцата сме трогнати од љубезните пораки што ги добивме од толку многу луѓе. Тоа ни значи многу“, додаде тој.

Британските медиуми јавуваат дека принцезата има привремено губење на меморијата по несреќата и не може да се сети како се случила несреќата, но од палатата не го коментирале ова. Се сомнева дека Ана ја удрил коњ и ќе остане под опсервација до крајот на неделата.

Нејзините кралски обврски се одложени, па принцезата нема да замине на патување во Канада, кое беше планирано за крајот на оваа недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот