Се огласи Нетанјаху: Го елиминиравме Насрала, централниот мотор на иранската оска на злото

WEF / Flickr

Во својот прв јавен коментар по смртта на водачот на Хезболах, Хасан Насрала, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел стои зад нападот во Бејрут во кој беше убиен долгогодишниот водач на либанската проиранска милитантна група, рече оти неговата „елиминација“ била суштинска за да се овозможи безбедно враќање на жителите на северот на Израел.

Нетанјаху го нарече лидерот на Хезболах „централен мотор на иранската оска на злото“.

„Тој и неговиот народ беа креатори на планот за уништување на Израел“, рече израелскиот премиер.

„Бидејќи сè додека Насралах е жив, брзо би ја вратил силата што му ја одзедовме на Хезболах. Затоа ја дадов директивата и тој повеќе не е со нас. Израел е на потег“, изјави израелскиот премиер. Тој додаде дека со овој потег Израел ја „подмирил сметката“ со „масовниот убиец“ одговорен за убиствата на безброј Израелци и десетици американски и француски граѓани. Иако ги оцени за историска пресвртница, според Нетанјаху, „моќните удари“ на израелската војска врз Хезболах од оваа недела нема да бидат доволни.

„Граѓани на Израел, имаме големи достигнувања, но работата сè уште не е завршена. Во наредните денови ќе се соочиме со значајни предизвици, и ќе се соочиме со нив заедно “, рече Нетанјаху.

Тој го поврза атентатот со ситуацијата во Газа, тврдејќи дека Хамас ќе има поголема веројатност да ги ослободи израелските заложници ако види дека Хезболах е ослабен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот