Се јави Москва: Полска провоцира, ова нема врска со руско оружје

Министерство за одбрана Русија
Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Министерството за одбрана на Русија се огласи во врска со експлозијата во село во Полска, во која загинаа двајца луѓе, а неименуван американски разузнавач во изјава за агенцијата АП наведе дека се работи за руски ракети.

„Пишувањата на полските медиуми и изјавите на официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација“, се вели во соопштението од Москва.

Русите додаваат дека на снимките од остатоците од проектилите, кои ги објавија полските медиуми, нема руско оружје.

„Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пжевудов немаат никаква врска со руско оружје“, се вели во соопштението.

Полските медиуми вечерва јавија дека во експлозиите на фарма во селото Пжеводов загинале двајца луѓе, а анонимен висок претставник на американското разузнавање за агенцијата АП рече дека се работи за руски ракети од денешните напади врз украински цели.

ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот