Саудиска Арабија формира глобален сојуз за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Фото: Профимедиа

Саудиска Арабија формираше глобален сојуз кој ќе се залага за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, изјави денеска саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Алијансата вклучува неколку арапски и муслимански земји, како и европски партнери, пренесува саудиската државна агенција, без да прецизира кои земји ветиле дека ќе се приклучат на иницијативата.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на платформата „Икс“изјави дека првите состаноци на алијансата ќе се одржат во Ријад и во Брисел.

Откако избувна војната во Газа меѓу Израел и милитантната палестинска група Хамас пред една година, Саудиска Арабија ги замрзна плановите поддржани од САД за нормализирање на односите со Израел, изјавија два извори запознаени со политиката на Ријад претходно оваа година.

Спроведувањето на решението за две држави е најдоброто решение со цел да се прекине кругот на страдања и конфликти и да се создаде нова реалност во која целиот регион, вклучително и Израел, ќе уживаат во безбедноста и соживотот, рече Бин Фархан.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман минатата недела изјави дека Саудиска Арабија нема да го признае Израел без палестинска држава, остро осудувајќи ги „злосторствата на израелската окупација“ врз палестинскиот народ.

Војната меѓу Израел и Хамас трае од 7 октомври минатата година, кога припадници на палестинското милитантно движење го нападнаа јужниот дел на Израел.

Во меѓувреме, Израел најави дека ќе продолжи со засилената кампања на напади против либанскиот Хезболах, откако прекуграничната размена на оган со нивните членови трае речиси една година, паралелно со војната во Газа, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот