Санкции за фирма и возач поради неправилности при вршење јавен превоз со товарно возило

Камиони / Фото: Архива на „Слободен печат“ / илустрација

На наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции синоќа во 22.45 часот запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци.

При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра.

Исто така, одземена е и возачката картичка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот