Сања Кужет повторно стана мајка: Српската водителка го роди третото дете на 40 години

Сања Кужет / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската водителка Сања Кужет (40) повторно стана мајка. Како што пренесуваат српските медиуми, таа вчера се породила во утринските часови во строга тајност во Белград. Гордата мајка на свет донела машко бебе.

Сања и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ сè уште не се одлучиле за името на нивниот втор син, но една од можностите е Вук. Како што понатаму се наведува, парот планира да организира прослава по повод раѓањето на наследникот, а ќе ги собере само најблиските роднини и пријатели.

Малку се знае за приватниот живот на водителката. Сања е во брак со Немања, маркетинг директорот на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста. Ова е втор нејзин брак. Таа има два сина, помалиот Страхиње и постариот Андрија, кои ги доби во првиот брак.

Инаку, Сања поради бременоста со третото дете го напушти музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ за „Блиц“ откри дека Ана Севиќ била првата личност на која помислил кога Сања му рекла дека ќе мора да го напушти натпреварот.

Сања Кужет очекува трето дете: Српската водителка го напушта шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот