Сам се предал третиот осомничен за грабнувањето на Самоил Костадиновски

Фото: Фејсбук

Александар Трпковски, третиот осомничен за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внукот на Љубе Бошковски, утрово сам се предал на македонската полиција, која го спроведе во затворот „Скопје“ во Шутка, објави порталот „Скопје1“.

Додека бил во бегство, тој за подкастот „Претрес со Ландов“ ја кажал својата страна од приказната – зошто не се вратил во Македонија кога бил исконтактиран од полицијата.

„Единствен проблем што било е тоа што тој (Самоил) бил со Виктор кој бил мој близок другар. Така излегов јас осомничен, мора Аце нешто да знае! Мора нешто Виктор него да му каже. Неговиот татко со моќта на Оливер Спасовски и Љубе Бошковски, ме става во делото“, вели Трпковски во „Претрес“, кој се емитува во среда.

Трпковски е третоосомничен во случајот. Според обвинението, заедно со Виктор Милановски кој е осуден, и второ лице од кое земале автомобил, го грабнале внукот на Бошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот