Сакате сјајна и блескава кожа? Вклучете ги овие намирници во вашата исхрана

Фото: Pexels / Ella Olsson

Тоа што го јадеме и пиеме многу влијае на изгледот на нашата кожа и на начинот на кој таа старее. Не можеме да ги контролираме генетиката и хормоналните промени, но преземањето контрола врз нашата исхрана и воведувањето повеќе „супер храна“ во нашите дневни оброци може да ни обезбеди омега масни киселини, здрави масти, протеини и витамини и минерали кои на кожата ѝ се потребни за да остане хидрирана, затегната и блескава.

Дерматологот д-р Анил Рајани вели дека вистинската суперхрана може да ни помогне да добиеме „светла, чиста кожа како славните“, забележа тој во видеото на Јутјуб. Тој откри неколку намирници кои ја подмладуваат кожата и го намалуваат воспалението.

Бобинки

Боровинките, капините и малините се богати со флавоноиди, антиоксиданси, витамини и минерали. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали кои го разградуваат колагенот во кожата, додека флавоноидите можат да ја заштитат кожата на сличен начин како кремот за сончање. Бобинките може да се вклучат во исхраната ако ги додадете во смути или јогурт, но важно е да не претерувате бидејќи сепак содржат шеќер (некои замрзнати пакувања имаат и додаден шеќер).

Бразилски ореви и бадеми

И двата јаткасти плодови се богати со витамин Е и цинк, кои се одлични за кожата. Според докторот, докажано е дека се антивоспалителни и ја хидрираат кожата, а бразилските јаткасти плодови содржат и селен, кој помага во одржување на нивото на колаген. Можеме да ги додадеме во салати, смути или да ги консумираме посебно.

Кељ

Кељот е полн со витамин Ц и бета-каротин, а доктор Раџани го нарекува „ѕвезда меѓу антиоксидансите“. Можеме да го додадеме во смути или салати.

Авокадо

Друга „суперѕвезда“ меѓу намирниците – авокадото, е познато по своите здрави мононезаситени масти кои и даваат на кожата блескав и здрав изглед. Содржи витамин Е кој го поттикнува сјајот на кожата и антивоспалителниот витамин Ц. Може да го јадеме посебно или со салати и сендвичи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот