Ослободената заложничка Аргамани повика да им се помогне и на преостанатите заробеници на Хамас

Ноа Аргамани која пред извесно време беше спасена од израелската војска заедно со уште тројца други заложници во видео обраќање ги повика властите во земјата да помогнат да се спасат и останатите заложници кои ги држи хамас во Појасот Газа.

– Сакам да им се заблагодарам на безбедносните сили и нашата армија, војниците, резервистите, специјалните сили и на сите кои учествуваа во спасувачката операција и ги ризикуваа своите животи за да можам да се вратам дома, вели таа во своето видео обраќање.

Аргамани го потсети светот дека 120 заложници останале во заробеништво, додавајќи дека „мора да се стори се што е можно за да се вратат и останатите дома“.

– Тагувам со семејството на Арнон Змора, кој се жртвуваше себе си за време на спасувачката операција. Моето срце е со неговото семејство. Арнон е херој на Израел и поради него ние сме тука, рече Аргамани.

Војната меѓу Израел и Хамас почна откако милитантната хрупа изврши зтраотен напад во кој над 1.200 цивили беа убиено, а околу 250 лица беа однесени во Газа како заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот