САД на врвот со 27 златни медали на Олимписките игри во Париз

фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

До крајот на Летните олимписки игри во Париз остануваат уште три дена, моментно на првото место на табелата по најмногу освоени златни медали се САД.

Како што и се најавуваше, САД се фаворити за освојување на најмногу медали, во тој сегмент Кина заостанува, но азискатата експедиција има шанса да освои повеќе златни медали од Американците.

Кинезите го одржуваа водството по освоени златни медали во првиот дел од првата недела на Игрите во Париз, но САД се израмнија со нив на почетокот на втората недела од натпреварите.

Американските олимпијци освоија досега 27 златни медали, 35 сребрени и 32 бронзени, или вкупно 94 медали.

Следува Кина на втората позиција со 25 златни медали, 23 сребрени и 17 бронзени, а третопласирана е Австралија со 18 златни медали, 12 сребрени и 11 бронзени.

Домаќинот Франција на четвртото место има 51 медал од кои 13 златни, 17 сребрени и 21 бронзен.

фото: принтскрин/independent.co.uk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот