САД можат да ја притиснат новата влада во Бугарија, смета Павле Трајанов

Павле Трајанов - претседател на ДС / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

„Ниту знаат што е држава, ниту знаат како да ги заштитат националните државни интереси“, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за поранешната влада предводена од СДСМ и ДУИ, од која дел беше и неговата партија.

Тој во гостување на „ТВ21“ околу „францускиот предлог“, од кој произлезе Преговарачката рамка со ЕУ, изјави дека решението го гледа во стратешките партнери на државата.

„Излезот од таква ситуација е да се разговара, да се добие поддршка од САД. Можат да извршат притисок врз новата Влада во Бугарија и да отворат некои прашања, ако ништо друго. Јазикот да биде официјален по прифаќањето, идентитетските прашања да имаат заклучок во Советот на ЕУ дека не можат да бидат основа за блокирање и трето да започне процесот на спроведување на одлуките на Судот во Стразбур за правата на Македонците“, вели Трајанов.

Тој вели дека СДСМ сакал да има монопол во преговарачкиот процес додека ја предводел владата и додаде дека најголемата грешка е што ВМРО-ДПМНЕ не била вклучена во тој процес.

„Доколку навистина се отвореа преговорите, ќе добиеја голема поддршка. Мислам дека од теснопартиски интереси без да се земат предвид стратешките и државните интереси, отидоа во Собранието со надглас да ја прифатат Преговарачката рамка. Тоа е основата зошто сега процесот не мрда, ништо друго“, додаде експратеникот и актуелен координатор во Владата, Трајанов.

За идејата за уставни измени, Трајанов оценува дека во моментов „нема соодветна клима тоа да помине“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот