САД ќе ја поддржи Македонија во пробивање на блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф

Фото: Кабинет на претседателот

„Владата во Скопје може да смета на поддршката од САД во обидот да се пробие блокадата со којашто се соочува земјата на патот кон ЕУ“, порача заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан на денешната средба со Сиљановска-Давкова во Њујорк.

На средбата Сиљановска-Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во интерес на регионот на Западен Балкан, вели Сиљановска-Давкова, е наскоро отворање на првите поглавја во македонските преговори со ЕУ.

„Претседателката изрази надеж дека ЕУ ќе почне да ги почитува сопствените одлуки кои укажуваат дека билатералните прашања не смеат да го блокираат процесот на проширување. Го повтори ставот дека по 16 препораки на Европската комисија за почеток на македонските преговори за членство, ЕУ треба да ги спроведе сопствените правила и да се базира на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во Унијата“, пренесуваат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

На средбата со шефицата на државата, американскиот заменик-помошник државен секретар, меѓу другото, се заблагодарил за македонската воена и техничка помош за Украина која, како што посочил, ја потврдува позицијата на земјата како кредибилен партнер на САД и членка на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот