САД ја зајакнуваат безбедноста на Блискиот Исток: Испратени неколку илјади дополнителни војници

САД Знаме / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

За да се зајакне регионалната безбедност и да се одбрани Израел доколку е потребно – САД испраќаат неколку илјади дополнителни војници на Блискиот Исток, соопшти Пентагон.

-Зголеменото присуство ќе дојде во форма на неколку борбени ескадрили, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

Дополнителните сили што САД ќе ги испратат во регионот се ескадрили од борбени авиони F-15E Strike Eagle, F-16, A-10 и F-22 и персоналот за поддршка потребен за нив. Во принцип има ротација на авиони и таму ги заменуваат ескадрилите, но сега и претходните и новите ќе останат во регионот.

-Авионите нема да бидат назначени за евакуација, рече Синг. Тие ќе бидат таму за да ги заштитат американските сили, додаде портпаролката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот