САД ги прекинаа разговорите со талибанците поради забраната за образование на девојчињата

Талибанско раководство / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

САД ги откажаа разговорите со талибанците во Доха по забраната за средно и високо образование за девојчињата, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Шест земји побараа од талибанците да ја „преиспитаат” својата одлука за затворање на колеџите и универзитетите за девојките.

Франција, Италија, Норвешка, САД, Канада и Британија, како и високиот претставник на ЕУ, предупредија дека одлуката „може да има последици што ќе им наштетат не само на девојчињата, туку и да ја поткопуваат амбицијата на Авганистан да стане почитувана членка на меѓународната заедница”.

Талибанците наредиле училиштата за девојчињата да останат затворени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот