САД, ЕУ и арапски земји апелираат на прекин на огнот на либанско-израелската граница

САД, Европска Унија, Франција, Германија, заедно со други сојузници и три арапски земји ги повикаа владите на Израел и на Либан на итен прекин на огнот од 21 ден, а во исто време изразија поддршка за примирје во Појасот Газа, се наведува во заедничката изјава објавена од Белата куќа.

Во соопштението се истакнува дека ситуацијата помеѓу Либан и Израел е неподнослива од 8 октомври минатата година односно еден ден по почетокот на конфликтот во Појасот Газа и претставува неприфатлив ризик за ескалација во регионот.

– Затоа повикуваме на итен прекин на огнот на либанско-израелската граница од 21 ден за да се обезбеди простор за дипломатија, за склучување дипломатски договор, се наведува во соопштението.

Изјавата ја потпишаа САД, Франција, ЕУ, Германија, Италија, Австралија, Јапонија, Канада, Саудиска Арабија, Катар и Обединети Арапски Емирати.

Непријателствата помеѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах ескалираа изминатите недели и ги зголемија стравувањата од регионална војна. Началникот на израелската армија, генерал Херзи Халеви, најави дека армијата се подготвува за копнена офанзива против Хезболах во Либан.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера, неколку часа откако некои израелски медиуми објавија дека властите околу пладне очекуваат прекин на огнот во Либан, објавија дека таквите тврдења се неточни. Нетанјаху не ни одговорил на американско-француски предлог за прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот