Руте повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО во својот проштален говор

Марк Руте
Марк Руте / Фото: EPA-EFE/BART MAAT

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот