Руското МО соопшти дека во текот на ноќта се уништени 50 украински беспилотни летала

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта уништило 50 украински беспилотни летала во руските региони Ростов и Крастодар, како и во јужниот украински регион Запорожје, што Москва го има анектирано.

„Во текот на ноќта кога режимот на Киев се обиде да изврши терористички напади врз Руската Федерација, руската противвоздушна одбрана уништи 14 беспилотни летала на територијата Краснодар, 26 над регионот Запорожје и десет над Ростов“, соопшти Министерството за одбрана преку каналот Телеграм.

Иако Москва тврди дека го анектирала регионот Запорожје во јужна Украина, руската војска не го контролира целосно регионот.

Претходниот ден две лица беа убиени во руските напади во областа Запорожје. Запорожје е редовно мета на руски напади, а во еден напад на крајот на јуни седум лица загинаа, а 40 беа ранети.

Осум лица беа ранети пред два дена во нападот на украинските дронови врз трафостаница на нуклеарната централа Запорожје, јави групацијата „Росатом“, што укажува дека бројот на украинските напади се зголемува.

Од почетокот на офанзивата врз Украина во февруари 2022 година руската војска повеќе пати ги нападна Запорожје и соседните градови, но во последните недели ги концентрираше своите напори на истокот на земјата, а не на југот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот