Рускиот амбасадор во Вашингтон вели дека НАТО сака уште повеќе војници на руската граница

Анатолиј Антонов
Анатолиј Антонов / Фото: EPA/WALLACE WOON

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов смета дека изјавите дадени во Вилнус, каде што се одржува самитот на НАТО, го потврдуваат „антирускиот став на воената алијанса предводена од САД и нејзината подготвеност да акумулира повеќе војници во близина на границите на Русија“.

„Изјавите во Вилнус го потврдија антируското расположение на НАТО. Без претерување, Русија е посочена како главна закана за Северноатлантската алијанса. Сите ресурси на блокот се насочени кон борбата против нашата земја“, рече Антонов.

„Одбранбените компании профитираат од хибридната војна што ја започна Вашингтон, додека обичните граѓани во западните земји плаќаат за тоа. Малкумина овде се грижат за судбината на Украинците, кои беа турнати во кланица од САД и НАТО“, рече Антонов, чија изјава беше објавена на Телеграм.

„Зачудени сме од отвореното фалсификување на вистината што учесниците на самитот ја користат за да ја оправдаат својата агресивна политика кон Русија. Нашите непријатели без никакви докази се обидуваат да наметнат одговорност за кризата на европската безбедносна архитектура. Тие уште еднаш преправајќи се дека не знаат ништо за ветувањето што поранешниот државен секретар Џејмс Бејкер му го даде на Михаил Горбачов за непроширување на НАТО на исток“, рече рускиот дипломат.

„По распадот на СССР, Вашингтон и неговите европски сателити намерно ја доближија воената инфраструктура до нашите граници, создавајќи неприфатливи закани за безбедноста на Руската Федерација“, истакна амбасадорот.

„Средбата во Вилнус ја покажа намерата на блокот да концентрира сè повеќе војници на руските граници. Немаме каде да се повлечеме. Агресивните одлуки на самитот нема да го разнишаат уверувањето на Русија во исправноста на нејзините постапки. Не се сомневаме сите цели на специјалната воена операција (како што Москва ја нарекува инвазијата во Украина) да бидат целосно реализирани“, додаде Антонов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот