Рускиот амбасадор во САД го оцени можното американско испраќање на тенкови во Украина како провокативно

Анатолиј Антонов
Анатолиј Антонов / Фото: EPA/WALLACE WOON

Можната испорака на борбени тенкови од страна на Вашингтон за Украина ќе биде „уште една очигледна провокација” против Русија, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.

– Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз, рече Антонов во забелешките на амбасадата објавени на Телеграм.

– Ако САД решат да испорачаат тенкови, тогаш оправдувањето на таков чекор со аргументи за „одбранбено оружје” дефинитивно нема да успее. Тоа би било уште една очигледна провокација против Руската Федерација, додаде тој.

„Волстрит Џурнал” вчера информира дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е сè поблиску до одлуката за испраќање на моќните американски тенкови „Абрамс” во Украина, додавајќи дека одлуката би можела да биде соопштена уште неделава.

Белата куќа не сакаше да го коментира написот, но весникот наведува дека „одлуката за испраќање на тенковите „Абрамс” би била дел од поширок дипломатски договор, во чии рамки Берлин ќе објави испраќање на помал број свои тенкови „Леопард 2″ во Украина и во исто време ќе ги овласти Полска и другите земји да испратат тенкови „Леопард” во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот