Руски ракетен напад врз Командата на украинските воздухопловни сили

Ракетен напад/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Руските сили извршија ракетен напад на територијата на Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Винитца.

„Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Винитца”.

„Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата”, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот