Руски ракетен напад во супермаркет – најмалку 14 загинати

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Најмалку 14 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз супермаркет во источниот украински регион Донбас. Ова доаѓа по ненадејниот копнен напад на Украина во јужна Русија оваа недела, пренесува МИА.

Властите соопштија дека околу 40 лица биле повредени во нападот во текот на денот во градот Костијантинивка, кој се наоѓа на нешто повеќе од 10 километри од линијата на фронтот меѓу украинските и руските војници, пренесе ДПА.

-Удар на руски терористи врз обичен супермаркет и пошта. Луѓето се под урнатините, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

Спасувачките операции се во тек, рече Зеленски, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот