Руски функционер близок до Путин пронајден мртов, смртта означена како самоубиство

Висок руски функционер, за кој се вели дека имал блиски финансиски врски со Владимир Путин, е пронајден мртов во неговиот дом во Московскиот округ, со прострелна рана во главата, јавија медиумите.

Константин Завизенов (50) синоќа бил пронајден од неговиот син, кој на маса во куќата пронашол писмо и алкохол, а потоа слушнал истрел во друга просторија од куќата, се вели во извештаите.

Завизенов бил министер за енергетика во самопрогласената република Луганск, која се одвои од Украина и се приклучи кон Русија. Тој бил под санкции од повеќе западни земји поради блискоста со режимот на Путин.

Веста за неговата смрт ја сподели политичкиот коментатор Игор Сушко, кој изрази скептицизам кон тврдењата дека Завизенов се самоубил. Од почетокот на руската инвазија врз Украина, десетици воени и политички функционери, како и бизнисмени поврзани со режимот на претседателот Владимир Путин, се самоубија или загинаа под чудни околности.

„Константин Завизенов, поранешен министер за енергија и индустрија за јаглен за окупираната „Народна Република Луганск“ во Украина, беше убиен во Москва со истрел во главата“, напиша Сушко на X. „Тој имаше само еден степен на одвоеност од самиот Путин преку мафијашкото семејство Ковалчук“, објави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот