Руски брод ќе ги надгледува НАТО вежбите во Бугарија

Руски патролен брод го напушти Севастопол и тргна кон брегот на Бугарија со цел да ги надгледува воените вежби на НАТО во регионот.

-Минатата ноќ патролен брод го напушти Севастопол и замина за Бугарија каде ќе ги надгледува противоздушнитевоени вежби на НАТО во близина на брегот на Бугарија, вели извор за руската новинска агенција ТАСС.

Бројни мултинационални воени вежби се одржуваат во мај и јуни 2019 година на териториите на Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска, Словенија и Северна Македонија под иницијатива на НАТО.

Повеќе од 6.000 војници од Бугарија, САД, Велика Британија, Украина, Грција, Северна Македонија, Канада и Италија учествуваат во вежбите. Целта на вежбите е подобрување на оперативните способности на војниците и компатибилност на разни воени единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот