Руската војска воспостави целосна контрола врз Вухледар во Доњецката област

Руска војска/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Руските сили имаат целосна контрола врз градот Вухледар во областа Доњецк во Источна Украина, објави утринава каналот Шот на комуникациската платформа Телеграм и проруските воени блогери.

Руското Министерство за одбрана сè уште не го потврди заземањето на градот.

Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешка тврдина која повеќе од две години се спротивставувала на руските напади.

На снимките од руските сили кои го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот денеска може да се види зграда со скршени прозорци делумно претворена во урнатини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот