Руската армија наводно извршила егзекуција на 16 украински воени заробеници – Украина отвори истрага

Руска армија EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Руската армија наводно извршила егзекуција на 16 украински воени заробеници, поради тоа Украина отвори истрага. Наводно, ова се случило во близина на Покровск, важен град на истокот на земјата, соопшти денеска државното обвинителство во Киев.

„Ова е најмасовниот познат случај на егзекуција на украински воени затвореници на линијата на фронтот“, објави главниот државен обвинител Андриј Костин,  во соопштение од неговата канцеларија со тврдење дека „убиствата и тортурата на затворениците не се коинциденција, туку намерна политика“ на Русија.

Обвинителството наведе дека има информации дека „најмалку 92 украински војници кои се предале биле егзекутирани на бојното поле“, и дека оваа бројка го вклучува и она што се случило во близина на Покровск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот