Русите тврдат дека уништиле четири украински проектили над Белгород

Белгород / Фото EPA-EFE/GOVERNOR OF BELGOROD REGION

Четири украински проектили и две беспилотни летала се уништени во текот на ноќта над областа Белгород, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според Министерството, нападот со „РМ-70“ („вампир“ ) се случи во 02.40 часот по локално време, пренесоа руските медиуми.

Во Белгород предупредувањето за опасност од воздух беше во сила до седум часот утринава.

Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм објави дека во нападот нема жртви.

Руските медиуми наведуваат дека во ноќешниот напад се оштетени неколку станбени згради во регионот на Белгород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот