Русите тврдат дека синоќа уништиле десет украински дронови

Камиказа дрон, Фото: Profimedia

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 10 украински беспилотни летала над териториите на неколку региони и два брода без екипаж, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана спречиле обид на украинските сили да извршат напади со беспилотни летала и чамци над територијата на регионите Белгород, Брјанск и Москва, како и во правец на Црноморското пристаниште Новоросијск.

Се прецизира дека се уништени пет беспилотни летала над територијата на регионот Белгород, четири над територијата на областа Брјанск, а едно беспилотно летало е уништено над територијата на Московската област, како и два поморски дрона кои се упатиле во правец на пристаништето Новоросијск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот