Русите фрлиле бомба од три тони врз Белгородската област

Руски бомбардери изминатиот период интензивно ја бомбардираат харковската област, но дел од тие бомби завршиле и на локации во регионот Белгород.

За само два дена таму се пронајдени пет авионски бомби со различен капацитет, а меѓу нив и „FAB-3000“, која тежи три тони.

Информацијата ја потврдија дел од руските медиуми.

Според нив, во петокот наутро, на 28 јуни, на неколку километри од селото Крутој Лог е откриена неексплодирана бомба ФАБ-1500 тешка еден и пол тон.

По кратко време, во близина на селото била пронајдена уште една бомба ФАБ-500, тешка 500 килограми. Две бомби ФАБ-500 биле пронајдени и во урбаниот кварт Шебекино. Подоцна, во близина на селото Маслова Пристан биле пронајдени делови од тритонска бомба со висока експлозија „FAB-3000“.

Се тврди дека никој од жителите на овие населби не е повреден, а не била побарана ниту евакуација.

Ова не е прв пат руските авиони да фрлаат бомби на територијата на Белгородската област на Руската Федерација.

Рускиот канал „АСТРА“, исто така, откри дека вкупниот број бомби фрлени од Русија на сопствените и привремено окупираните територии на Украина достигнал најмалку 110 во изминатите четири месеци.

Голем број такви инциденти се припишуваат на технички грешки при активирање на модифицирани руски бомби, други технички дефекти, или грешки на екипажот. Нивниот пад во оваа област се должи на големиот број тактички летови на авиони што минуваат низ него.

„FAB-3000“ е бомба тешка 3.000 килограми развиена во советската ера, долга преку три метри и полна со 1,4 тони експлозив,

способна да уништи добро утврдени позиции, командни пунктови, брани и индустриски згради. Радиусот на оштетување од ударниот бран е до 300 метри. Бомбата првично можела да се користи од стратешките бомбардери Ту-22М3, но денес овие бомби можат да ги носат и Су-34 на руските воздушни сили.

На почетокот на 2024 година, Русите објавија дека го обновиле масовното производство на овие бомби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот