Русија во текот на ноќта со дронови го нападна Киев

– Русија во текот на ноќта изврши напад со беспилотно летало врз украинскиот главен град Киев, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти.

Над градот беа забележани повеќе од десет јуришни беспилотни летала од иранско производство, од кои повеќето беа соборени, изјави Серхиј Попко, шеф на локалната воена администрација.

Во неколкучасовниот напад се оштетени 20-тина автомобили и една плинска цевка во станбена зона, а остатоци се најдени и на детското игралиште, додаде тој.

Русија редовно испраќа беспилотни летала и проектили над украинските градови и далеку зад првите линии на фронтот на нејзината инвазија која трае две и пол години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот