Русија тврди дека го потопила последниот украински воен брод

Фото: mil.gov.ua

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека последниот воен брод на Украина денеска е уништен во руски ракетен напад.

„Последниот воен брод на украинската морнарица „Јуриј Олефиренко“ е уништен во воениот дел од пристаништето во Одеса“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков на редовниот брифинг со новинарите, пренесува Ројтерс.

Конашенков изјави дека овој украински воен брод е погоден со оружје „висока прецизност“, но не даде повеќе детали.

Портпаролот на украинската морнарица Олех Чалик рече дека нема да коментира никакви руски тврдења.

„Украинската морнарица нема да открие никакви информации за своите загуби додека трае војната“, додаде Чалик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот