Русија подготвува изненадување за Финска и Шведска, вели Захарова

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека рускиот одговор на одлуката на Финска за влез во НАТО дефинитивно ќе следи и ќе биде изненадување.

„Ќе биде изненадување. Тоа е на нашето Министерство за одбрана. Соодветна одлука секако ќе биде донесена земајќи ги предвид низа фактори и специфики на развојот на членството на Финска во НАТО. Почнувајќи од сите параметри, ќе се донесе одлука, но таа, пред се, и припаѓа на армијата“, коментирала Захарова какви воено-технички мерки Русија има намера да преземе против Финска.

Таа вели дека изборот на патот за обезбедување на националната безбедност е секако суверено право на секоја држава, но не треба да се осигура на сметка на безбедноста на другите земји.

„Нашите земји ќе преземе контра-мерки, чија содржина, вклучително и воено-техничките аспекти, во голема мера ќе се определат земајќи ги предвид специфичните услови за членство на Финска во Алијансата, вклучително и распоредување на странски воени бази и системи за ударно оружје врз нивните територија. Ќе има помалку зборови и повеќе фактички чекори како реакција“, изјавила дипломатката

Портпаролката се осврнала и на одлуката на финската страна да ја прекине соработката со „Росатом“ за изградба на нуклеарната централа, оценувајќи дека одлуката е крајно политизирана и дека Хелсинки е под притисок од странство.

Финска и Шведска сакаат да се откажат од долгогодишната неутралност и да се приклучат на НАТО поради руската специјална воена операција во Украина. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека НАТО би бил среќен да ги види Финска и Шведска во своите редови и дека тоа ќе им овозможи брзо да се приклучат на алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот