Русија нема да учествува на специјалната седница на Советот за човекови права на ОН

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија нема да учествува на специјалната седница на Советот за човекови права на ОН во четврток за Украина, соопшти денеска нејзиното Министерство за надворешни работи.

Советот во понеделникот објави дека ќе одржи специјална седница на барање на Киев за да ја испита „влошената ситуација со човековите права во Украина што произлегува од руската агресија“.

Но, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „руската делегација со своето присуство нема да го легитимира ова ново политичко шоу организирано под маската на вонредна седница“.

Таа рече дека аргументите и објаснувањата на Русија за „вистинските цели на оваа специјална воена операција и реалната ситуација на теренот се целосно игнорирани“.

„Очигледно е дека тие нема да бидат слушнати ниту овој пат“ за време на „новата антируска мерка на Западот“, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот