Русија наскоро ќе потпише „голем“ договор со Иран

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Русија и Иран дополнително ќе го продлабочат сојузот и дека во тек се подготовки за потпишување на како што се нагласува голем договор.

Според Захарова, станува збор за сеопфатен договор меѓу Русија и Иран кој се најавува долго време, а кој официјално ќе биде потпишан во наредните месеци.

Во јануари годинава руското Министерство за надворешни работи објави дека новиот меѓудржавен договор меѓу Иран и Русија ќе претставува невиден подем во односите меѓу Русија и Иран и дека документот е во завршна фаза на договор.

Во изминатите неколку години Иран и Русија значително ја продлабочија соработката, а освен во економскиот дел, тоа во голема мера се одразува и во воената соработка, која вклучува пристигнување на руски авиони во Иран и испорака на ирански беспилотни летала во Русија, кои исто така се користени во војната во Украина.

Покрај Иран, договор за соработка со Северна Кореја неодамна потпиша и Русија, поточно претседателот на оваа земја Владимир Путин, што, како што беше нагласено, е првиот чекор кон продлабочување на соработката со оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот