Русија ќе има најголем воен буџет од Студената војна наваму

Русија ги зголемува државните трошоци за одбрана за четвртина на 6,3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2025 година, што е највисоко ниво од Студената војна, според предлог-буџетот објавен во понеделникот.

Следната година, трошоците за одбрана ќе се зголемат на 13,5 трилиони рубљи (145 милијарди американски долари), во четвртата година од „специјалната воена операција“ во Украина. Тоа ќе биде зголемување од 25 проценти на трошоците за одбрана во споредба со 2024 година.

Трошоците за одбрана ќе сочинуваат 32 отсто од буџетските расходи, кои ќе достигнат 41,5 трилиони рубљи (435 милијарди долари).

Нацрт-буџетот беше официјално доставен до Думата, долниот дом на рускиот парламент, на разгледување.

Во годината на почетокот на војната во Украина, 2022 година, Русија потроши 5,5 трилиони рубљи за одбрана.

Министерството за финансии на Русија најави дека во 2025 година ќе се издвојат значителни средства за неопходно оружје и опрема, исплата на воени плати, како и за поддршка на компаниите од одбранбениот сектор.

Се очекува дека во 2026 година трошоците за одбрана ќе се намалат на максимум 12,8 трилиони рубљи, т.е. на 5,6 отсто од БДП во 2026 година и на 5,1 отсто во 2027 година.

Државните трошоци за националната безбедност, посебна ставка од националната одбрана, која вклучува и финансирање за војската и безбедносните агенции, ќе пораснат на 3,5 трилиони рубљи во 2025 година.

Сумата за одбрана е поголема од комбинираните средства за образование, здравство, социјална политика и национална економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот