Русија ќе ги обновува редовите со 150 илјади нови регрути

Руски војници / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во рамки на пролетната регрутација, 150.000 лица се испратени во воена служба, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се нагласува дека воените обврзници не се испратени на локации на Оружените сили на Руската Федерација во „Доњецката и Луганската Народна Република и Запорожје и Херсонската област“.

Ова се областите каде главно се води воната во Украина, откако Русија ги нападна и потоа незаконски ги анектираше.

Во соопштението од руското МО се дополнува дека повеќето регрути се упатени во формации и единици за обука, каде што ќе добијат воена специјалност.

Анализите на западните експерти говорат дека Русија трпи големи човечки загуби, а претпоставките се дека во војната на источниот фронт на Украина дневно гинат и по над 1.000 војници во руските сили.

Русија до сега не излегла со официјални бројки за загубите во своите редови, но според видеоснимките кои ги објавуваат украинските разузнавачки служби, непријателот не ја штеди својата жива сила и во голем број случаи ги праќа на фронтот како топовски месо.

Покрај човечки, Руската Федерација трпи и огромни загуби во меганизација, па неретко може да се види како руската пошадија на бојното поле стигнува со голф возила кои ги обезбеди Кина за својот партнер.

Руските единици честопати ги напаѓаат украинските одбрамбени линии и со моторцикли но токму поради ваквиот начин на војување тие се лесна мета за украинските дронови кои ретко ја промашуваат својата цел.

Проценките на аналитичарите се дека од почетокот на војната Русија изгубила над 500 илјади лица од своите редови. Но оваа информација не може со сигурност да биде потврдена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот