Русија им го отстапи енергетското раководство во Европа на САД

Струја / Фото: ЕПА

Руската агресија против Украина и последователните санкции ѝ го одземаа статусот на Русија на европскиот енергетски лидер. Нејзиното место го зазедоа САД, пишува Вол Стрит Журнал, повикувајќи се на податоците за обемот на извозот на нафта и гас.

За само една година, растот на американскиот извоз во Европа беше 38 отсто, при што стариот континент ја премести Азија како главен енергетски пазар за Американците. Главни купувачи на американска нафта се најголемите економии – Германија, Франција, Италија и Шпанија, кои ги зголемија залихите за импресивни 88 отсто.

Според енергетската компанија Кплер, САД ја снабдуваат Европа со вкупно 1,53 милиони барели сурова нафта дневно. За споредба, обемот на испораки од Русија во ЕУ во октомври 2022 година, дури и пред воведувањето на санкциите, изнесуваше само 1,4 милиони барели дневно, пренесува БГнес.

„САД ја вратија својата доминантна позиција на нивоата од 1950-тите. Американската енергија стана основа на европската енергетска безбедност“, рече потпретседателот на С&П Глобал, Даниел Јергин.

САД се вратија на првото место во однос на производството на нафта од пред војната, но руската инвазија помогна да се зацврсти тој статус, пишува ВСЖ.

Слична динамика се забележува и со испораките на гас, од кои Европа беше принудена уште побрзо да се откаже поради експлозиите на гасоводите „Северен тек“. Според Белата куќа, извозот на гас во ЕУ за 2022 година е двојно зголемен.

Аналитичарите забележуваат дека ова помогна да се спречи падот на цената што Русија се обиде да го испровоцира. Американскиот извоз ги задржа цените на прифатливи нивоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот