Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Претседателите на Русија и Белорусија, Путин и Лукашенко/ Фото EPA-EFE/SHAMIL ZHUMATOV / POOL

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот