Русија, Америка и НАТО ќе преговараат да запре ширењето на алијансата кон исток, тврди Захарова

Фото: ЕПА

Главни теми на претстојните преговори меѓу Русија, САД и НАТО ќе биде запирањето на ширењето на НАТО кон исток, како и запирањето на распоредување оружје во близина на руските граници, изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Тоа ќе бидат главните теми, затоа што тие претставуваат директна закана за безбедноста на Русија. Оние кои сѐ уште не ги разбираат нашите ставови тоа мораат јасно да го сфатат“, рече таа.

Руското МНР го објави документот кој официјална Москва го испратила до НАТО околу гаранциите на безбедноста за кои неодамна зборуваше претседателот Владимир Путин, а кои пред сѐ се однесуваат на ширењето на воената алијанса на западните граници на Русија.

Главна ставка во евентуалниот договор ќе вели дека и Русија и САД нема да распоредуваат вооружување во територии кои можат да претставуваат закана за безбедноста, пренесуваат руските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот