Роџер Федерер: Изиграв 1.526 меча и уживам во пензијата

EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Швајцарецот го гледа Вимблдон и не жали што не игра на турнирот што го освои осум пати, туку ужива во неактивноста и во слободното време

Роџер Федрер е еден од големата тениска тројка и засекогаш ќе остане запаметен по успесите. Швајцарецот е во тениска пензија и воопшто не му недостигаат мечевите, што го потврди и на турнирот Вимблдон што го освои рекордни осум пати, а каде сега е гледач.

– Гледајќи го финалето на Ролан Гарос помеѓу Алкараз и Зверев, си помислив и јас го правев тоа. Сум го правел тоа многу пати. Зборуваме за 1.526 меча што ги одиграв и сфатив дека сум играл многу тенис, маратонски тенис. Толку ми е олеснето што не морам повеќе да поминувам низ тоа. Мислам, беше забавно, но особено кон крајот, се сеќавам на загревањето пред да играм меч. Тоа беше огромен напор. Некои велат голема работа. Тоа е само тенис. Да, тоа е само тенис, но тоа е твојот живот и се трудиш да дадеш се од себе пред луѓето. Сега се чувствувам навистина олеснето и сметам дека секој спортист или кој било човек што дава се од себе ја има целата моја почит – вели Федерер.

Му се исплати напорот на Федерер затоа што е втор најбогат тенисер на сите времиња со богатство од 550 милиони долари. Најбогат е романскиот тенисер Јон Циријак, кој своето богатство од 1, 2 милијарда долари го заработи како банкар откако ја заврши спортската кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот