Родилка почина во кумановската болница

куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа болница Куманово и Јавното обвинителство.

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 – годишна родилка од Куманово.

Извршено е породување, а новороденчето е префрлено на скопската Гинеколошко-акушерска клиника.

Телото на починатата е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Надлежните институции најавуваат дополнителни информации во текот на денов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот