РКЕ Косово: 23.000 потрошувачи на северот се снабдени со струја, а мал процент од нив ја плаќаат

Во подем е генерирање струја од обновливи извори - Фотографија ЕПА, Нил Хол

Со струја се снабдени 23.000 потрошувачи на северот од државата, но мал процент од нив плаќаат. Ова за Економија онлајн го соопшти функционерот на Регулаторната канцеларија за енергетика (РКЕ), Петрит Пепај. Тој рече дека по лиценцирањето на српската компанија „Електросевер“, потрошувачката во таа област е намалена во однос на претходните години, нагласувајќи ја обврската што српската компанија ја има кон РКЕ да известува секој месец.

„Електросевер, како што знаете, е лиценцирана од Регулаторната канцеларија за енергетика, согласно законите на Република Косово. Како резултат на ова лиценцирање, Електросевер е должен да известува секој месец. Врз основа на извештајот за првите седум месеци од годинава, фактурирани се 113.000 киловатчасови струја, што во пари се преведува на околу 8 милиони евра, додека наплатата е почната, но малку е тешко бидејќи околу 631.000 од фактурираната сума е енергија“, рече Пепај, пренесува Коссев.

Пепај информира дека во северниот дел на Митровица има мал процент на потрошувачи кои плаќаат струја, додавајќи дека од 2017 година на тој реон не се плаќа струја.

„Во моментов процентот е мал, не голем, бидејќи на тој простор речиси долго време нема плаќање на струја и луѓето не се одлучуваат да почнат да плаќаат. Но, како што сега може да се види, почна тренд да се враќаат плаќањата за струја и во тој дел. Во минатото, до 2017 година енергијата од тој простор се фактурираше на сметки за струја на други граѓани на Република Косово, но тоа беше стопирано со судска одлука, а од 2017 година таа енергија не се плаќа“, извести тој.

Во случај на неплаќање, тој нагласи дека потрошувачите ќе бидат исклучени од струја, додавајќи дека досега потрошувачите сè уште не се исклучени поради неплаќање струја во северниот дел од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот